Со самиот пристап на интернет страницата на Nova Office и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. Nova Office ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Nova Office ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Nova Office не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Nova Office ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Nova Office за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Со реализација на нарачката и вршење на уплатата на саканиот производ, се смета дека е склучен договор помеѓу Nova Office и потрошувачот.

Испораката на производите ќе биде организирана од страна на Nova Office на адресата која е наведена во нарачката.

4. ПОЛИТИКА НА ЦЕНИ И НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка како и нарачка со плаќање на врата.

За нарачка до 1000,00денари трошоците за достава се на товар на купувачот и изнесуваат 150 денари со вклучен ДДВ, а за нарачки над 1000,00 денари доставата е на товар на Nova Office на територијата на Република Северна Македонија.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

5. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Nova Office ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање или емаил и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Nova Office врши замена на производите само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, Nova Office ќе ги врати средствата преку банката на сметката на корисникот на картичката.

Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 15 работни дена.

Во случај на поврат на производ купувачот приложува фактура/испратница за купениот производ и истиот може да го замените со друг производ.

Производот може да се врати/замени во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата/испратницата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување и/или со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате на свој трошок.

Nova Office има право да не ги врати паричните средства на потрошувачот доколку утврди дека производот не е во онаква состојба во каква бил испорачан до потрошувачот. Трошоците за враќање на производите се на сметка на потрошувачот, освен во случаи кога потрошувачот ќе добие неисправен или погрешен производ.

Откако службата за достава ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на броевите: +389 2 6 14 14 80 или 0890 77777, или пак да ни испратите имејл со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресатa supernova@novaoffice.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.