MANAGED PRINTSERVICES (MPS)
Заедно до целта, комплетно решение за вашата канцеларија

Во денешно време на современи технологии и електронски комуникации, хартијата сеуште е префериран медиум за комуницирање, архивирање и печатење, и учествува со голем процент во вкупните трошоци на една компанија.

Еден вработен во компанијата годишно во просек троши 10.000 листови хартија, од кои што 44% ги троши непродуктивно т.е непотребно.

10-15% од обртот на компаниите оди на процесот на менаџирање, управување и дистрибуција на документите.

90% од компаниите не можат точно да го дефинираат ниту да го предвидат трошокот за печатење, од кој само 20% се видливи трошоци за истите.

23% од повиците кон ИТ службите или helpdesk во компаниите, се однесуваат на проблемите со печатењето.

Според елитната консултантска куќа Gartner.Inc, компаниите кои активно го менаџираат печатењето успеваат да заштедат дури 30% од трошоците за таа операција.

Тимот на Феникс Нова го има вистинското паметно решение, и тука сме да Ви помогнеме. Како?

Преку интегриран пристап и менаџирање на Вашите потреби за печатење и управување со документите, ние ќе креираме комплетно B2B решение скроено за Вашите потреби. Комбинацијата на правите луѓе, правата технологија и правите процеси, ќе донесат додадена вредност на Вашата компанија. Градењето на долгорочно партнерство, оптимизирањето на процесите, зголемување на ефикасноста и намалувањето на трошоците се приоритет на тимот на Феникс Нова.

БЕНЕФИТ ОД РЕШЕНИЈАТА НА ФЕНИКС НОВА

01.

НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

Ние работиме со Вас за да се разберат потребите како и трошоците за печатење. Оваа информација може да се користи да се дизајнира решение за печатење кое што ќе Ви ги намали трошоците. Тимот не Феникс Нова веќе помогна на голем број на компании да ги намалат трошоците дури и до 60%.

02.

ЗГОЛЕМЕНА ПРОДУКТИВНОСТ

Доколку ни дозволите да се погрижиме за управувањето на печатењето во Вашата компанија, тогаш Вие слободно ќе можете да се фокусирате на Вашиот бизнис. Ние ќе Ви обезбедиме квалитетни уреди кои се користат на оптимално ниво и со зголемена продуктивност за било која принтинг операција.

03.

ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ

Ние ќе ги лоцираме за Вас, потенцијалните подобрувања за безбедноста на печатењето во Вашата компанија. Со самото тоа следи имплементација на дополнителни можности се со цел да се задржат информациите далеку од оние кои не се овластени да ги имаат, видат или поседуваат.

04.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТА

Со рационализација на Вашата инфраструктура, решението на Феникс Нова помага да се намали отпадот и да се намали енергетската потрошувачка и потрошувачката на хартијата во Вашите канцеларии.

ПРЕДНОСТИТЕ НА (MPS) MANAGED PRINT SERVICESА
(УПРАВУВАЊЕТО СО ПЕЧАТЕЊЕТО)

01.

НЕМАТЕ ИНИЦИЈАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ОПРЕМАТА, БИЛО ДА Е ПОЛОВНА ИЛИ НОВА

02.

НЕМАТЕ АМОРТИЗАЦИЈА

03.

ГРИЖАТА ЗА УРЕДОТ (ПРИНТЕРОТ) Е КОМПЛЕТНО НАША ВО ТЕКОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА НАЕМ, СО ГАРАНЦИЈА ДЕКА ИСТИОТ СЕКОГАШ ЌЕ ФУНКИЦИОНИРА БЕСПРЕКОРНО

04.

ВКУПНИТЕ ТРОШОЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ТРАНСПАРЕНТНИ СО АВТОМАТСКО СЛЕДЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СИТЕ УРЕДИ КОИ СЕ ОПФАТЕНИ ВО ВАШИОТ ДОГОВОР

05.

СИТЕ ТРОШОЦИ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ЕДНАШ МЕСЕЧНО

06.

ЗАШТЕДУВАТЕ ДО 30% ОД МОМЕНТАЛНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПЕЧАТЕЊЕТО И ТРОШОКОТ ЗА ХАРТИЈА

СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА

ЗА ТАА ЦЕЛ НИЕ КОРИСТИМЕ СОВРЕМЕН SOFTWARE, EMAINTENANCE

Софтверот за следење и контрола на уредите на Canon овозможува комплетно автоматизирање на задачите кои одземаат време и енергија. eMaintenance Ви дава слобода да се фокусирате на повеќе итна или поважна активност, а нам ни овозможува:

  • Електронска евиденција на сите операции поврзани со уредот
  • Наместо читање на броилото на принтерот секој месец и усогласување со Вашето време кое е на претек, eMaintenance го автоматизира целиот процес за Вас. Во согласност со најстрогите безбедносни протоколи, eMaintenance ги проследува релевантните информации директно до тимот на NOVA OFFICE, преку интернет, без административна вмешаност
  • Во случај на дефект, или однеесување спротивно на стандардното, тимот на NOVA OFFICE веднаш и автоматски e известен преку e-mail. Ова обезбедува брз одговор од страна на нашите експерти
  • Автоматски открива кога нивото на тонерот е ниско и поставува услови за повторно да обезбедиме тонер кај Вас
  • Нема повеќе фрустрации предизвикани од недостатокот на тонер, и исто така не постои вишок на резервни тонери за складирање
  • Со секој Договор за наем Вие добивате БЕСПЛАТНИ

     

    Нов уред

    ИНСТАЛАЦИЈА

    ТОНЕРИ

    РАБОТНА РАКА

    СЕРВИС

    РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

    5 чекори до идеалното решение за Вашата компанија!

    Тимот на Феникс Нова ќе направи внимателен преглед на моменталната ситуација на инфрастуктурата во Вашата компанија се со цел да се дефинира точниот обем на печатењето. Само на тој начин можеме да дизајнираме решение кое ќе биде оптимално, ефикасно и ќе ги намали трошоците дури до 30%.

    1. Анализа

    Нашиот тим ќе направи анализа заедно со Вас, за да ги утврди Вашите потреби. Анализата ја опфаќа моменталната ситуација, реалната бизнис потреба и обемот на проектот!

    2. Проект

    Врз база на анализата, нашите консултанти ќе проектираат решение, кое што совршено ќе одговара на Вашите потреби за печатење, копирање, скенирање и праќање на документите.

    3. Транзиција и имплементација

    Нашиот тим ќе се погрижи за беспрекорна инсталација и имплементација на принтерите и софтверот и ќе обезбеди обука на вработените, се со цел да се овозможи наједноставен трансфер на новите уреди и начинот на комуникација.

    4. Поддршка и управување

    Консултантите се задолжени да имаат конзистентна комуникација со вработените и да имаат увид во работењето на секој од инсталираните уреди, сервисните интервали како и потрошниот материјал со што ќе се овозможи функционирање без било каков застој.

    5. Контрола

    Преку нашето решение тимот на Феникс Нова, континуирано го прати Вашиот раст и развој, Ве информира и Ви предлага новини и технолошки решенија кој што ќе бида актуелни во времетраење на договорот.

    СКРИЕНИ ТРОШОЦИ НА ПЕЧАТЕЊЕТО