Хартија, типови, големини, дебелина и завршна обработка; сето тоа може да стане малку комплицирано.
Oвој водич ќе ви помогне да го изберете oној тип на хартија, која најмногу ќе одговара за вашата работа и ќе ви го направи целиот процес помалку стресен.
Донесувањето на одлуката за видот на хартијата, понекогаш може да биде една од најтешките избори за целиот овој процес, па така, за да ви помогнеме ќе ви претставиме една листа со видови на хартија, заедно со опис на секоја од нив.
Blond хартија
Овој тип на хартија е посилна и потрајна хартија. Претежно е составена од парчиња од пулпа.
Таа е совршена за писма, извештаи и пликоа.
Сјајна обложена хартија
Обично сјајната хартија се користи за брошури и флаери бидејќи има висок сјај. Како што се суши мастилото, нема потреба дополнително да се премачкува со печат-лак, бидејќи мастилото не се размачкува.
Обложена мат хартија
Мат хартијата е спротивна од сјајната – тоа е обложена со мат финиш за да произведе хартија што не е сјајна, односно што го спречува сјајот. Овој тип на хартија е совршен за извештаи, флаери и летоци.
Рециклирана хартија
Направена од искористени хартиени производи, рециклираната хартија е совршена за оние кои се обидуваат да го намалат нивното влијание врз животната средина. Таа може да се користи за повеќе видови документи, вклучувајќи извештаи, мемо стикери и нејзини најразлични форми.
Обложена свилена хартија
Нешто помеѓу сјај и мат, свилената обложена хартија има еден свилен мазен слој, останувајќи мазна на допир, но без сјајот на стаклената хартија. Овој тип на хартија може да се користи за многу работи, како на пример списанија, книги и каталози.
Гола хартија
Обично ја наоѓаме во употреба за повеќето канцелариски печатари, соголената хартија нема слој, што јо прави одлична за приемчивост на мастило и негова апсорпција. Бидејќи е соголена ја има предноста да се користи и за принт и за пенкало, идеална за обрасци, писма и белешки.
Хартија со воден печат
Ова е високо квалитетна хартија, направена со цел да се добие чувство на луксуз и висок квалитет. Да се создаде посакуваниот ефект печатот се втиснува во хартијата со вметнување на шематски жиг. Овој тип на хартија најчесто се користи за безбедност на важни документи, вклучувајќи и испити со сертификати.
Па сега откако се одлучивте за видот на хартијата, на ред е големина. Како што постојат многу големини на хартија може да се изгубите меѓу различни мерења.
Табелата подолу ги дава димензиите на секоја големина на една страница. Значи, без разлика дали само треба да се знае името или големината, во корист на времето, може да се користите со сладнава табела
Табела на големини на хартија од A0 до A10
Големина Ширина х Висина (mm)во милиметри; Ширина х Висина (in) во инчи
A0 841 x 1189 mm 33,1 x 46,8 in
А1 594 x 841 mm x 23,4 33,1 in
А2 420 x 594 mm x 16,5 23,4 in
А3 297 x 420 mm 11,7 x 16,5 in
А4 210 x 297 mm 8,3 x 11,7 in
А5 148 x 210 mm 5,8 x 8,3 in
А6 105 x 148 mm 4,1-5,8 in
А7 74 x 105 mm 2.9 x 4.1 in
A8 52 x 74 mm 2,0 x 2,9 in
А9 37 x 52 mm 1.5 х 2.0 in
A10 26 x 37 mm 1,0 x 1,5 in
Конечно, oткако ќе одлучите за видот и големината на хартијата, дебелината доаѓа во завршната фаза. Тежинската вредност на хартијата е измерена во GSM (грама по квадратен метар). Колку повисок е GSM, толку е подобар квалитетот на хартија.
Опис на тежина на хартијата:
Тежина Намена:
35-55 gsm За повеќето дневни весници
90 gsm За списание кое се наоѓа во средината на внатрешните страници од некој дневен весник
130-250 GSM А Добар квалитет за промотивни постери
180-250 GSM За списание кое во средината содржи промотивни постери
350 gsm За бизнис картички
Стандард тежини на хартија изнесува помеѓу 75gsm и 100gsm за обични канцелариски работи; а фото хартијата оди и до 280gsm во тежина.