Разликата помеѓу компатибилните и оригиналните бои и тонери може да биде збунувачка. Дали користите оригинални тонери? Дали можат тонерите да му наштетат на вашиот принтер?

Повеќе нема потреба да се грижите бидејќи сега можете да дознаете повеќе за разликите меѓу кертриџите и да заштедите време во одлучувањето кој да го одберете.

Видови на тонери

Оригинални: тоа се кертриџи кои се произведени од произведувачот на целата опрема.

Повторно полнети: тоа се кертриџи кои веќе биле употребувани еднаш, вратени, убаво исчистени, повторно наполнети и тестирани за нивната сигурност.

Компатибилни: нови кертриџи кои се изработени од други произведувачи кои се различни со произведувачот на Вашиот принтер.

Квантитет

Принтерите се важен дел од канцелариската опрема, а неговата употреба зависи од едно до друго место. Во некои фирми постојано се принтаат документи, додека во други тоа се прави поретко. Некои фирми практикуваат печатење на фотографии, при што се троши повеќе боја.

Кога сакате да дознаете за квантитетот на Вашиот кертриџ, без разлика дали се работи за оригинален или компатибилен, проверете го неговиот процент на покриеност и за колку страници е наменет. Запомнете дека овие две работи секогаш одат заедно, но најважен е процентот на покриеност.

Просечната покриеност најчесто е 5% од страницата, што воопшто не е многу. Страницата којашто е полна со текст ќе покрие 60% од страницата. Така што, кога на кертриџ пишува дека печати 500 страници со 5% од страницата, во реалност Вие ќе добиете 83 цели страници исполнети со текст, без болдирани зборови или фотографии. Затоа, доколку печатите големо количество на документи тогаш потребен Ви е тонер којшто има високо ниво на печатење на страници и соодветен процент на покриеност.

Цена

Кога станува збор за цената, компатибилните кертриџи се поефтини од оригиналните, но секогаш е подобро да се разгледа на повеќе места. Некои продажни места имаат компатибилни кертриџи со полош квалитет во големо количество и затоа ги продаваат поефтино. На прв поглед тоа можеби звучи одлично, бидејќи ќе заштедите пари, но кертриџ со лош квалитет претставува ризик за вашиот принтер. Може да предизвика штета и на крајот да потрошите многу повеќе пари.