Организирањето на канцеларијата може да биде лесен или комплициран процес, зависи од тоа кој го организира. Можеби сметате дека немате време да ја организирате Вашата канцеларија, но кога би знаеле колку време неорганизираноста ќе ве чини, ќе размислите повторно. Уреден канцелариски простор го отвора патот за поголема продуктивност и помалку потрошено време.
Но, преуредувањето и преместувањето на натрупаните документи и помошни средства не се брои. Ниту ако го исчистите бирото со префрлање на целиот неред во фиока.
Затоа, за организацијата да биде едноставна и брза, Ви предлагаме неколку канцелариски материјали со кои може да почнете:
● Архивски кутии
● Регистратори
● Папки
● Мемо стикови
● Маркери
● Сетови за бироa
Откако ќе ги набавите овие канцелариски материјали, подготвени сте ја започнете организацијата на Вашата канцеларија. Имајте на ум неколку совети:
1. Организирајте го работното биро со користење на сетови кои содржат полици за документи, чаши за моливи, пенакала, маркери и садови за ситни работи.
2. Соберете ги сите документи од завршените проеекти на едно место и архивирајте ги во соодветни архивски кутии или регистратори.
3. Нема да погрешите доколку ги подредите документите според азбучен ред. Тоа е најсигурниот и најкорисен начин на организација.
4. Одделете ги различните видови на работа или проекти што ги имате за побрз пристап до нив. Добра идеја е да имате одделни фиоки посветени на одредени работни задачи за полесен пристап.
5. Означете ги папките со документи и секогаш пишувајте со големи букви, бидејќи така ќе биде полесно за секој да види што има во папката.
6. На крајот од секој работен ден, сместете ги документите каде што треба да бидат. Стекнувањето на вакви навики може да потрае, но сепак организацијата на канцеларијата ќе ја одржи во најдобар ред.
За сите оние кои мислат дека во нивната канцеларија недостасува организација, повторното враќање на редот може да биде едноставен. Одбирањето на вистинските канцелариски материјали и креирање на подобар систем на подредување на документите се еден од првите чекори кои што можат да Ви донесат брзи резултати.