Речиси секој вработен се соочува со истиот проблем – недоволно време во текот на денот за завршување на сите работни задачи. Но, постојат неколку тактики и начини кои можат да ви помогнат да ја зголемите продуктивноста и да ја подобрите концентрацијата.
Овие начини и тактики се докажани од спроведени истражувања и со сигурност ќе ви помогнат да ја зголемите креативноста и продуктивноста, без разлика на роковите и секојдневните проблеми со кои се соочувате на работното место.
Искористете ја моќта на растенијата
Во 2013 година, Универзтитетот во Ексетер во соработка со Indoor Garden Design направија експеримент со кој се покажа дека канцелариските растенија за 47% го подобруваат расположението, за 45% креативноста и за 38% продуктивноста на вработените.
Научниците од Универзитетот во Тексас исто така ја истражувале поврзаноста меѓу растенијата и цвеќињата на работното мести и зголемената продуктивнсот. Истражување траело осум месеци и покажало дека идеите се зголемиле за 15% откако во просторијата имало растенија.
Присуството на растенијата го намалува менталниот замор и крвниот притисок, ја зголемува внимателноста и најважно од се’ продуктивноста.
Повеќе природна светлина
Природната светлина не само што го зголемува нивото на „среќниот хормон“, туку го регулира сонот и го подобрува расположението, со што се подобрува нивото на продуктивност. Доколку сте во можност тогаш вашата канцеларија дизајнирајте ја така што биде повеќе изложена на сончева светлина. На овој начин во кој било дел да седите ќе бидете изложени на природна светлина и нема да имате потреба од вештачко светло.
Пијте повеќе вода
Иако на сите ни е познато дека пиењето на поголемо количество вода е многу важно за нашиот организам, поголемиот дел од луѓето не практикуваат да пијат вода во текот на денот. Недостатокот на вода во организмот доведува до дехидратација, а вработените коишто се дехидрирани почесто се разболуваат и имаат помала инспирација и продуктивност. Затоа најдобро е во секоја канцеларија да се постават балони со вода, коишто ќе бидат достапни за вработените во секое време, а покрај тоа ќе ги потсетуваат дека треба редовно да се конзумира течност.
Средена работна маса
Во 2013 година, истражувачите од Универзитетот Принстон објавиле дека според нивното истражување е докажано дека хаосот во канцелариите влијае врз способноста за концентрирање кај вработените. Несредените работни маси ја ограничуваат способноста на мозокот да процесира информации. Според друго истражување докажано е дека на вработените им е полесно да завршуваат предизвикувачки задачи доколку масата на којашто седат е средена.
Додадете различни бои
Впечатливите бои на ѕидовите во канцеларијата исто така имааг големо влијание врз продуктивноста.Боите како зелената и сината, коишто највеќе ги има во природата, највеќе ја зголемуваат концентрацијата и продуктивноста. Но, според едно истражување докажано е дека светлите бои во маркетинг агенциите можат да ја намалат енергијата и креативноста. но, одлични се за болници и амбуланти бидејќи вработените, а и пациентите можат повеќе да се концентрираат на сериозните задачи.
Работни маси за стоење
Иако компаниите како Google, Facebook, Twitter и AOL ги претставија масите за стоење за вработените, кои се добри за телото и ги спречуваат здравствените проблеми предизвикани од постојаното седење, откриено е дека тие ја зголемуваат и продуктивноста. Едно истражување покажало дека кај луѓето кои стојат продуктивноста е зголемена за 10% за разлика од оние кои седат.
Простории кои се тивки и мирни
Докажано е дека отворениот простор ја убива продуктивноста и дека најголема причина всушност е вревата. Канцелариите каде што работат повеќе луѓе ја намалуваат концентрацијата и креативноста за разлика од приватните канцеларии. Иако поголемите канцеларии се одлични за соработка, промовирање и учење на нови работи, на секој вработен му е потребно време за себе за да се концентрира подобро на идеи и да ги процесира информациите.