Доколку на работното место често употребувате компјутер, тогаш сигурно употребувате и принтер. Ако веќе некое време имате потреба од нов принтер и сакате да купите, изборот може да биде тежок.
Повеќе функционалните, сè во едно принтери сега имаат голем број на функции, за кои може да се каже дека се навистина неопходни и корисни. Овие функции вклучуваат скенер, факс машина, безжично поврзување (WI-FI), Bluetooth технолигија и спојувалка. Можеби ќе помислите дека овие дополнителни функции не Ви се потребни, но вистината е дека овие сè во едно принтери ќе Ви заштедат пари, време и место. Наместо да купувате додатен скенер, Вие веќе го имате како дел на принтерот. Исто така, кога ќе имате потреба да споите повеќе документи ќе можете тоа да го направите со Вашиот принтер.
Затоа, пред да купите нов принтер, најпрво одговорете на овие прашања:
Дали принтерот е компатибилен со вашиот компјутер?
Кога барате нов принтер осигурајте се дека тој е компатибилен со Вашиот компјутер. Доколку не сте сигурни, проверете ја веб страницата на произведувачот и најдете ги сите потребни информации за моделот и типот на компјутерот кој треба да се поврзе со новиот принтер.
Дали Ви се потребни тонери во боја?
Поголемиот дел од фирмите не употребуваат тонери во боја, со цел да заштедат пари, но поголемиот број принтери работат со тонери во боја иако Вие принтате само црно-бело. Прашајте го продавачот дали за принтерот се потребни тонери во боја, бидејќи ако печатите само црно-бело, тоа ќе Ви биде додатен трошок. Одберете принтер кој што работи само со тонери во црна боја.
Што ќе печатите?
Доколку печатите фотографии со висок квалитет, тогаш одберете inkjet принтер. Доколку пак печатите документи кои содржат текст, тогаш ласерските принтери се одличен избор. Тие се полесни и поефтини за одржување, особено ако печатите само црно-бели документи. Исто така, кога купувате нов принтер, одберете модел којшто има дупла функција. На тој начин ќе заштедите пари, особено ако печатите големи документи како тендери и презентации.
Погледнете ја цената
Кога купувате нов принтер, цената може да биде критичен фактор. Наместо да гледаме само колку е цената на хардверот или материјалите за изолација, размислете за вкупната цена на принтерот и сите негови делови. Тој можеби има атрактивна цена, но тонерите можат да бидат тие што се најскапи. Затоа е многу важно да размислите за цената на тонерите, колку многу ги трошите и колку сето тоа ќе Ве чини годишно. Иако принтерот може да ве чини цело богатство, можете да заштедите така што понатака ќе купувате додатни материјали коишто траат долго, а имаат пониски цени.
Во Nova Office можете да ги најдете совршените принтери за Вашата канцеларија и тонери за истите, како и сите потребни канцелариски материјали.