6 ЛЕСНИ ЧЕКОРИ ДО ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ ВО ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА

Постојат голем број начини како да ја подобрите Вашата продуктивност во работното време, но понекогаш доволно е само мала промена во дневната рутина и околина.

Еве 12 лесни чекори кои можете да ги практикувате доколку сакате да ја зголемите Вашата продуктивност.

1. МИНИ-ГЕНЕРАЛКА

Пред да започнете со било каква работа, организирајте го Вашето биро и Вашата средина.
Создавањето на чиста и организирана околина ќе Ви помогне да размислувате побистро и да имате подобар фокус. Со добро организирана канцеларија, исто така, ќе заштедите време со тоа што ќе знаете точно каде се сите алатки кои Ви се потребни.

2. БОЈА И ЦВЕЌЕ

Бојата може да има голем ефект врз Вашето расположение и продуктивност преку денот. Сината боја дава чувство на смиреност и помага при фокусирањето, додека црвената боја е добра за задачи каде треба прецизност и детално работење.

Растенијата исто така можат да помогнат со фокусот. Истражувања од страна на ‘Washington State University’ откриваат дека вработените кои во својата канцеларија имаат некој вид на растение се попродуктивни, поредовни и имаат помалку стрес.

3. ПОЧНЕТЕ ОД НАЈТЕШКАТА ЗАДАЧА

Секој има една задача на својата листа која секојдневно се презакажува. Ве излудува дури и самата помисла дека треба да биде завршена. Па, точно оваа задача треба да биде завршена прва. Наместо да чекате да дојде последниот момент за да ја завршите, завршете ја што е можно побрзо. Другите задачи ќе изгледат многу поедноставни во споредба со неа и стресот ќе се намали – ова ќе Ве направи попродуктивни.

4. РЕДОВНИ ПАУЗИ

Без разлика дали е една обична прошетка, купување кафе или посета на близок пријател, земањето време за пауза има голем ефект врз Вашата продуктивност. Ова е главната причина зошто луѓето не работат повеќе од 8 до 10 часа на ден. После одреден период Вашето тело и ум едноставно неможат да функционираат со истиот капацитет како на почетокот од работниот ден.

5. МУЗИКА

Ставањето на слушалки не значи дека не сте дружељубиви. Слушањето на омилената музика додека работите може да Ви помогне да влезете во Вашата ‘зона’ и брзо да ја испразнете Вашата листа со задачи. Слушалките исто така можат да им насочат на Вашите колеги дека несакате да бидете вознемирувани и Ви помагаат да ги блокирате надворешните бучави.

6. ЗАПИШЕТЕ ГИ ДНЕВНИТЕ ЦЕЛИ

Кога го почнувате денот, не секогаш е лесно да знаете кои се Вашите дневни задачи, ниту  пак да ги памтите цел ден. Ослободете ги мислите со организирање на дневните задачи, веднаш по утринското кафе. Листата на дневни задачи исто така може да Ви помогне при одложувањето, така што може да се потсетите на заборавените задачи.