5 ЧЕКОРИ ЗА ПОЗДРАВА КАНЦЕЛАРИЈА
Канцелариската работа станува се по популарна и зачестена. Според најновите истражувањa, околу 40% од сите вработени работат во канцеларија (корпоративна или во својот дом). Постојаното седење и недоволното движење, како и честото конзумирање на брза храна, прават многу штета врз здравјето на секој канцелариски работник. Но, што би можеле да направите Вие за да го подобрите целокупното здравје во Вашата канцеларија?
Ова се 5-те чекори за поздрава канцеларија:
1. БИРО ПОЛНО СО ЗДРАВИ ГРИЦКИ
Во оваа време со брз животен стил, многу е лесно да се дава предност на работата. Ова е главната причина за нездравото хранење и зголемената побарувачка на брзата храна. Стресот од константните крајни рокови на работните задачи можат да не воведат во една спирала на лично запоставување – својствено со недобра исхрана, недоволно спиење и намалена енергија.
Ако се чувствувате како да имате пуштено корени врз Вашето работно столче, тогаш донесете ја здравата храна поблизу до Вас. Наполнете го Вашето работно биро со ореви, суво овошје, јогурти и зеленчук. Исто така обрнете внимание на грицките полни со енергетски природни протеини и здрави јаглехидрати. Еве неколку идеи:
- Јаболко со путер од бадеми
- Целер со путер од кикирики
- Морков со хумус
- Овошна салата со мед
2. ШИШЕ ПОЛНО СО ВОДА
Водата е еден од столбовите на животот. Помага при правилното функционирање на Вашите бубрези и црн дроб. Исто така го прочистува Вашето тело и помага при одстранување на метаболниот краен производ.
Добрата хидрација исто така помага при губењето на тежина, бидејќи луѓето често мислат дека чувствуваат глад, но всушност се жедни. Затоа, следниот пат пред да почнете да џвакате грицки, пробајте да се напиете вода. Одберете убаво квалитетно шише, со просечна големина од 1 литар. Ви препорачуваме да пиете барем 1 литар вода пред ручек и 1 литар до крајот на денот. Водата ќе Ви помогне помалку да грицкате, ќе Ве држи добро хидрирани и ќе Ви помогне да се чувствувате поздраво.
3. ПРОМОВИРАЈТЕ ЗДРАВИ КАНЦЕЛАРИСКИ СОБИРИ И НАТПРЕВАРИ
Секоја цел се постига полесно со тим кој може да се бодри и подржува меѓусебно. Секако дека би сакале Вашиот тим да биде поздрав и поспособен за работа. Затоа, на следната пауза предложете неколку идеи за тоа како би можело Вашата канцеларија да биде поздрава. Еден пример би бил ‘Салата во Петок’ или ‘Домашна здрава храна во Среда’. Но, ако овие идеи не се изводливи, можете да предложете еден добар тимски натпревар (кој исто така би помогнал при зајакнување на тимскиот дух). Можете да ги поделите вработените на два тима и да задавате предизвици како брзо одење или медитирање – победничкиот тим може да биде награден со здрав оброк или здрави грицки.
4. ЗАПОЧНЕТЕ ГРУПА ЗА ОДЕЊЕ/ТРЧЕЊЕ ПОСЛЕ РАБОТА
Секако дека не би сакале врската со Вашите колеги да биде само канцелариска. Секогаш е добро да го продолжите Вашето дружење и надвор од 4-те ѕидови на работното место. Но, можеби не сте сигурни што точно би правеле заедно. Па, една добра и здрава идеа е да посветите време на вашето здравје и да почнете заедно да трчате или едноставно да движите. Еден круг од 10 до 20 минути околу градот (или пак околу зградата за време на работната пауза) ќе ве направи поздрави.
5. ДОДАДЕТЕ ‘МАГИЧНО’ РАСТЕНИЕ
Можеби се прашувате зошто магично и каде би го нашле истото? Па, според најновите истражувања утврдено е дека ако додадете било какво растение во Вашата работна атмосфера благосостојбата се подобрува за 47%, креативноста за 45%, а продуктивноста за дури 38%. Настрана од овие бенефити, растенијата исто така помагаат при чистење на воздухот, како и апсорбирање на бучавата во канцеларијата.
Кога одбирате растение за Вашата канцеларија, осигурете се дека растението може да преживее во затворена просторија со слаба сончева светлина. Некои добри избори би биле Алое Вера или пак некои видови на Кактус.
Работењето во канцеларија не мора да го уништува Вашето здравје. Со мали промени во Вашите дневни активности, исхрана и работна средина Вие ќе бидете поздрави, посреќни и поуспешни.