1. Бескрајната трка со хартијата

Проблем: Печатењето трае премногу долго

Ништо не е полошо од тоа да поминете супер време со проектот, за на крајот да ве закочи моментот на печатење. Бавното време на печатење, може да биде предизвикано од  поставување на висока резолуција, меморија и/или изборот на драјвери.

Решенија: Тајмер

Префрлување од двостран во едностран режим. Можеби ќе употребите повеќе хартија, но, едностраното печатење зема значително помалку време.

Вашиот драјвер може да ја утврди брзината, исто така. Ласерските супериорни принтери, па дури и некои инкџет принтери, имаат избор за инсталирање на драјвери, вклучувајќи и PostScript, PCL и/или драјвери, базирани на производителот. Во принцип, PCL е најдобро за побрзо канцелариско печатење, а PostScript е подобро за графички интензивни апликации и индустрии.
2.  Ќор-сокак

Проблем: Заглавување на хартијата

Значи, ја поминавме причината за бавното печатење, за да стигнеме до кралот на сите принтерски кошмари – заглавување на хартија.

Решенија: Фатете се за работа

Ако изместената хартија е тоа што го предизвикува проблемот, повлечете ја фиоката за хартија, за да бидете сигурни дека хартијата е правилно поставена и ресетирајте од почеток. Понекогаш можеби нема да најдете изместена хартија. Во тој случај, ќе треба да се отстрани целиот пласт хартија, за да се види дали квадратот е правилно наместен и да се репозиционира назад во принтерот. Пред да го направите ова, земете длабоко воздух.

Како по правило, секогаш треба да бидете сигурни дека типот на хартија што се печати е поддржан од вашиот печатач. И, исто така, не заборавајте да ја чувате вашата хартија на суво место за да се избегне влага, што може да направи потешкотии во печатењето.

 

3. Слика вредна 1000 зборови

Проблем: Навистина многу лош квалитет на принтовите

Вашиот печатач работи совршено, но вашиот финален производ изгледа страшно. Слабиот квалитет или избледените слики ги прават дури и најдобрите документи да изгледаат доста невешто и непрофесионално направени.

Решенија:

Обидете се со овие лесни решенија да го подобрите квалитетот на ласерското печатење. Ако вашиот проблем и натаму постои, проблемот најверојатно се должи на материјалот или хардверот.

Проверете го вашиот драјвер за принтер за да бидете сигурни дека ја имате вистинската хартија или за одбраниот медиум – слика вредна 1000 зборови.

Два пати проверете дали хартијата е правилно внесена во фиоката на принтерот и дали се совпаѓа со избраниот драјвер на печатачот.

Во некои ласерски печатари, греачот има прилагодување за видот на хартијата. Ако греачот на вашиот печатач може да се прилагоди рачно, проверете дали е поставен правилно, но внимателно бидејќи греачите се многу жешки.

Проверете ги вашите кертриџи за принтерот, единицата за обработка и греачот. Овие компоненти се разликуваат во зависност од моделот и производителот, така што најдобро е да се постапува според упатството за користење.

Ако имате дамки на хартијата, испечатете неколку празни листови хартија и тие на крајот ќе исчезнат.

 

4. Ништо не се случува

Проблем: Мојот печатач не печати

Покрај семоќното заглавување на хартијата, исто така, високо на листата на проблеми со печатењето се рангира и проблемот „Ништо не се случува“.

Решенија:

Прво проверете дали сте ја испратиле наредбата за печатење на правиот печатач. Вие многу добро знаете дека може да се печатат десетици документи во следниот оддел. За да го направите вашиот главен печатач да биде ваш стандарден печатач, кликнете да стигнете до Printers and Faxes in Windows®. Десен клик на вашата икона со принтер и потоа селектирајте Set as default printer.

Сте провериле ли дали има доволно хартија и точниот вид на хартија во фиоката? Додека сте тука, бидете сигурни дека вашиот печатач е вклучен и дека сите кабли се безбедни. Двојното USB и мрежно поврзани компјутери бараат драјверот на печатачот да биде инсталиран на компјутерот од каде што ќе се печати. Принт драјверите со двонасочна комуникациска функција  можат да ви кажат што може да го предизвикува вашиот проблем преку десктоп или преку драјверот за известувања, без да се разгледува печатачот.

И на крај, ако вашиот печатач едноставно не печати или печатењето се чини дека е заглавено во редот, најлесно решение е да се рестартира. Започнете со рестартирање на софтверската апликација. Ако и тоа не функционира, се рестартира вашиот компјутер. Исклучете го печатачот на неколку минути пред да го вклучите повторно во функција.

 

5. Време е за промена

Проблем: Старосна и/или застарена технологија

Го гледаме ова многу често: вашиот печатач бил добар за вас и вие сте пораснале со него, а во прилог на тоа тој се вклопува како што треба и ги има сите конфигурации токму онака како што сакате. Сепак, почнувате да  забележувате дека нешто кочи, нешто шкрипи, проблеми за оддржување, работата стои, нервоза и… време е за промена!

Решение:

Прифатете го фактот дека можеби е време да се збогувате со принтерот со кој пораснавте. Имајте во предвид дека и трошоци за оддржување на застарените технологии се огромни. Кога ќе бидете подготвени за замена, NOVA office ви стои на располагање со сите наши модели на принтери.