4 НАЧИНИ ДА ГИ НАМАЛИТЕ ТРОШОЦИТЕ ПРИ ПЕЧАТЕЊЕ
Печатењето е составен дел од канцелариското работење, но цената што доаѓа со него може полека да влијае негативно на вашиот буџет.
Кога ќе погледнете некои специфични начини за намалување на трошоците при печатење, ќе бидете изненадени од тоа колку можете да заштедите со менување на неколку мали работи.
За да ви помогнеме да направите реални заштеди во печатењето, ќе ви претставиме четири начини за намалување на трошоците при печатење.
1. ДВОСТРАНО ПРИНТАЊЕ
Со поставување на стандардно двострано печатење, каде што се испечатени двете страни на страницата, можете да го намалите отпадот до 50%.
Поставувањето на сите ваши принтери за двострано печатење одзема многу малку време, и ако ви требаат документи кои се еднострани, корисниците можат рачно да го променат поставувањето при печатење.
2. ДОГОВАРАЊЕ И ФИКСИРАЊЕ ЦЕНА
Цените ретко остануваат фиксни овие денови. Со тоа што договарате листа на фиксни цени на производите што често ги користите, одреден временски период, вашето трошење станува предвидиво и лесно за управување.
3. ДОГОВОРЕТЕ НАРАЧКИ ОД ЕДЕН ДОБАВУВАЧ
Зошто одите кај различни добавувачи, кога можете да добиете се што ви треба од едно место. Не само што е погодно, исто така заштедува пари и време.
Купувањето на едно место го намалува времето поминато барајќи понуди, повеќекратни нарачки и последователни трошоци за подигнување на секоја од нив.
Договарањето на вашата нарачка од еден добавувач, како Nova Office, значи дека ќе добиете сѐ што ви е потребно по најповолни цени и дополнително ќе заштедите на сите потребни материјали.
4. УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПЕЧАТЕЊЕТО (MPS)
Успешно управување со печатење го насочува целиот процес на печатење, отстранувајќи ја потребата за снабдување на потребните материјали или вршење самостојно одржување.
Се избира најсоодветниот принтер, кој ќе одговара на вашите потреби и обично е заедно во закуп кој исто така ги вклучува трошоците за набавки и одржување.
Можат да се имплементираат функции за заштеда на трошоци, како што се двострано печатење, ограничување на употребата на боја, и слично.
Целосно сте ослободени од трошоците за одржување и набавките што ќе ви овозможи повеќе да не се се грижите за сервисирањето, поправките и испораката на набавките.