3 НАЧИНИ КАКО ТИМСКОТО РАБОТЕЊЕ МОЖЕ ДА ЈА ПОДОБРИ ПРОДУКТИВНОСТА
Во секоја компанија е многу важен тимскиот дух, не само за зголеменото задоволство на вработените туку и за нивната целокупна продуктивност.
Тимското работење има големо позитивно влијание на работниот процес. Подолу имаме одвоено некои од начините на кои тимското работење може да ја подобри продуктивноста во Вашата компанија.
1. Поделба на работата
Поделбата на работните обврски е еден од начините кои овозможуваат подобрување на продуктивноста преку тимската работа. Ако еден член од тимот има повеќе работа, а друг е послободен, правилна распределба на обврските може да придонесе до побрзо завршување на истите. Ова би придонело до зголемување на целокупниот профит на компанијата.
2. Споделување идеи
Кога двајца луѓе работат заедно на еден проект, тие многу побрзо ќе го завршат истиот. Користење повеќе од еден мозок за една задача, обично носи подобри резултати.
Кога имате двајца вработени на иста задача, тоа не значи дека истата ќе биде само побрзо завршена, туку и поквалитетно – бидејќи вработените можат да споделуваат идеи помеѓу себе и да бидат по-критично настроени кон задачата.
Колку повеќе луѓе ги споделуваат нивните идеи, толку подобра ќе биде финалната, заклучна, главна идеа.
3. Соработничка поддршка
Тимската работа исто така ја подобрува продуктивноста со соработничка поддршка. Вашите вработени ќе се мотивираат самите меѓусебно низ тешките и комплицирани периоди од работата.
Соработката помеѓу вработените исто така ја подобрува продуктивноста со зголемување на моралот и ги прави сите вработени да се чувствуваат вклучено.
Многу е важно да се држи добар морал помеѓу вработените, бидејќи тоа им дава работно задоволство. Кога вработените се задоволни, тие не само што се попродуктивни туку и подолг период си го задржуваат работното место.