Канцелариите можеби не се секогаш многу возбудлива тема за разговор, бидејќи за поголемиот дел од луѓето пенкалото претставува само пенкало. Но, кога малку повеќе би истражувале за историјата на сите канцелариски материјали кои денес ги користиме, навистина би биле воодушевени како тие предмети всушност биле измислени.
Прочитајте едни од најинтересните канцелариски факти:
1. Ножиците најпрвин биле создадени од Египќаните околу 1500 година п.н.е.
2. Во 1900-тата година судија побарал маргините да бидат нацртани на левата страна од хартијата. Тоа потоа било усвоено и бил направен првиот модерен бележник.
3. Едно обично пенкало може да испише линија долга околу 3 километри, додека еден молив може да испише линија долга околу 56 километри.
4. Во 16. век првиот графит бил откриен во Северна Англија. Потоа бил создаден најстариот инструмент за пишување: моливот.
5. Во 3500 година п.н.е. првите коверти се употребувале во Средниот Исток. Биле создадени со употреба на шупливи сфери од глина околу финансиски токени за употреба на трансакција. По откривањето на хартијата во 2. век п.н.е. првите хартиени коверти биле употребувани во Кина кога се подарувале пари.
6. На Едвин Хил и Ворен де ла Ру во 1845 година им бил доделен британски патент за првата машина за произведување на коверти. Дури по 50 години била успешно создадена машината за производство на самолепливи коверти.
7. Во 1902 година ковертите со прозорче биле патентирани од Америкус Ф Калахан од Чикаго.
8. Во околу 1440 година, Јоханес Гутенберг од Германија ја измислил првата машина за печатење, врз основа на машините за завртки.
9. Пред да биде измислена гумата за бришење, луѓето употребувале трошки или корка од леб за да избришат тоа што е напишано со молив. По грешка изумителот земал гума наместо трошки и сфатил дека овој метод е многу полесен.
10. За време на Втората светска војна на британското Кралско војно воздухопловство им било потребно пенкало коешто може да поднесе висока надморска височина, а да не истекува, како налив перото. Тогаш хемиското пенкало станало популарно и успешно усвоено.
11. Во почетокот на 1930-тите, претприемачот Р. Стентон Ејвери ги произвел првите светски самолепливи етикети.
12. Кон крајот на 1960-тите случајно биле создадени првите самолепливи белешки. Вработените во 3М сакале да создадат супер-силен лепак, но наместо тоа добиле многу тенко лепило. Тоа било идеално за лепење на белешки и ливчиња бидејќи не оставало никакви траги.
13. Англискиот збор stationery потекнува од латинскиот збор stationarius. Овој збор се употребувал во средниот век за да се опише трговец кој имал своја продавница. Но, со текот на времето зборот означувал продавач на книги или издавач, а во модерно време се употребува за канцелариски материјали.