Сигурно кога сте купувале бои или тонери сте забележале дека на нив пишува 5% покриеност на страница, но што всушност значи тоа?
За подобро да се разбере што претставува покриеноста на страници, потребно е да се знае колку страници Вашиот принтер може да испечати пред да се потрошат кертриџите со боја или тонер. На пример Вашиот принтер може да печати до 2000 страници. Секако бројката на печатени страници се разликува и зависи од тоа за што го употребувате принтерот и колку често.
За произведувачите да избројат колку страници може да печати принтерот, сметаат според покриеноста на страницата. Тоа е всушност колку текст или фотографии се печатени на страницата и постојат посебни стандарди преку кои се пресметува.
Во однос на 5% покриеност на страницата, може да се разликува според големината и типот на фонтот кој се користи. На пример, 5% најчесто се 13-15 линии текст со фонт 11. Многу е важно да се има предвид просторот и колку боја е потрошено. Доколку фотографијата зазема исто простор колку текстот тогаш тоа ќе се изедначи со повеќе од 5% покриеност поради количеството на потрошена боја.
Кога произведувачите тврдат дека покриеноста на страницата е 5% и дека може да се печатат до 2000 страници, тогаш тоа значи дека Вие можете да печатите 2000 страници како што е објаснето погоре. Доколку очекувате да печатите 2000 страници полни со текст, тогаш ќе бидете измамени.
Знаете колку страници вашиот кертриџ може да печати, но како да заштедите на боја и да намалите поризводство?
Пред сè, дали имате принтер во боја? Доколку во Вашата канцеларија често печатите документи во боја, тогаш ваквиот принтер навистина Ви е потребен, но доколку не печатите во боја, тогаш принтерот заменете го со црно-бел. На тој начин ќе заштедите пари бидејќи нема да купувате тонери во боја.
Доколку можете ставете лозинка на контролирањето за печатење. Тоа значи дека сите вработени мораат да внесат лозинка за да можат да печатат на принтерот. На овој начин ќе спречите да се печатат непотребни работи и сите вработени ќе печатат тоа што навистина е потребно.
Исто така, наместо да ги печатите сите документи кои треба да ги чувате, зачувајте ги на хард диск и на тој начин ќе го намалите печатењето.
Откако Ви е јасно што претставува покриеноста на страницата, сигурно ќе Ви биде полесно да купувате новите кертриџи за вашиот принтер.