ПРЕДНОСТИТЕ НА ДОБРИОТ БРЕНДИНГ И КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА

Брендирањето е процес на создавање на име, дизајн или симбол кој идентификува и диференцира една компанија од своите конкуренти. Добар брендинг со квалитетни производи гради признание и лојалност кај клиентите. Може да се каже дека брендираните производи се една форма на функционални бизнис картички.

ЗГОЛЕМЕНА СВЕСНОСТ ЗА БРЕНДОТ И ЗГОЛЕМЕНА ЛОЈАЛНОСТ

Брендираните производи им помагаат на потрошувачите да развијат специфична слика која ги содржи квалитетите и карактеристиките на компанијата. Една компанија може драстично да ја зголеми видливоста на брендот преку професионално изработен брендиран производ, како брендирано USB или канцелариски филџан. Со постојаната изложеност на логото на една компанија во една просторија, потенцијалните купувачи потсвесно градат доверба со тој бренд. Ако потрошувачите се задоволни по купувањето на производот, тоа ќе ги подбутне да прават повторни набавки без многу размислување. Ова може да се претвори во поширока база на клиенти за компанијата, да ги зголеми продажбите и придонесе раст на приходите.

ЗГОЛЕМЕНА ПРОДАЖБА И ДОКАЖАН КВАЛИТЕТ

Во предходниот параграф спомнавме како постојатана изложеност на логото гради доверба, но тоа исто така помага во зголемување на продажбата. Колку повеќе една индивидуа е изложена на Вашето лого, толку повеќе ќе размисли за да ги купи Вашите производи или услуги. Ако брендингот и изработката на брендираните производи се со конзистентен квалитет, тоа ќе им пренесе на Вашите потенцијални купувачи дека можеби и Вашите услуги се со иста конзистентност.

Како минува времето се повеќе од купувачите бараат фирми кој имаат добар и јасен брендинг, со кого ќе можат да се поврзат на подлабоко, лично ниво. Тоа значи дека брендирањето веќе не е само алатка за успешен маркетинг, туку клучен фактор во успешниот маркетинг. Но можеби се прашувате…

КАКО ДА ЈА БРЕНДИРАТЕ ВАШАТА КОМПАНИЈА?

1. Дефинирајте го Вашиот Бренд/Брендинг!

Погледнете во кои категории спаѓа Вашиот бизнис, разгледајте кои Ви се потенцијалните купувачи и истражете кои емотивни и рационални потреби ги имаат тие. Вашите брендирани продукти треба ефективно да го промовираат Вашиот бизнис, да се конектираат со клиентите и да Ве одвојуваат од конкуренцијата.

2. Зборувајте им на потенцијалните купувачи преку производите

Добриот брендинг ќе помогне да се зајакне карактерот на Вашиот бизнис и да се разјасни Вашата понуда, така да купувачите знаат што точно да очекуваат од Вашите производи или услуги. Ако имате добро изработен брендиран производ, тоа покажува квалитет, професионалност и ангажираност од Ваша страна.

3. Паметно изберете ги производите

Целта на добриот брендинг не е да го испечатите вашето лого на сé и сешто, туку да ги пронајдете производите од Вашата дејност. Ако нудите услуги или производи за во канцеларија, идеално би било да испечатите филџан и USB, од друга страна ако продавате делови за возила, се разбира  дека ќе испечатите приврзоци за клучеви.

 

Погледнете го нашиот каталог за Рекламни материјали, и дозволете ни да Ви помогнеме во изборoт на производи за брендирање.